ВАРШАВА ЈА СПУШТИ РОЛЕТНАТА ЗА КИЕВ Нема повеќе оружје, Полска се концентрира на сопствениот арсенал

Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје, рече полскиот премиер Матеуш Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито.

356

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки доцна синоќа изјави дека неговата земја повеќе не му доставува оружје на Киев, бидејќи се фокусира на сопственото вооружување.

Тој го изјави ова неколку часа откако Варшава „итно“ го повикала украинскиот амбасадор во знак на протест поради изјавите на претседателот Володимир Зеленски, кој ја критикуваше Полска и некои други земји во ОН поради ембаргото за украинското жито.






– Веќе не префрламе никакво оружје во Украина, бидејќи се вооружуваме со најмодерно оружје – рече Моравјецки одговарајќи на новинарско прашање за воената и хуманитарната поддршка на Полска за Украина и покрај конфликтот со жито.

Поврзани содржини