ПОЛСКА ГИ ПОДИГНА ВОЕНИТЕ АВИОНИ И ГИ АКТИВИРА РАДАРИТЕ Руските воздушни напади врз Украина ја загрижија

Како што е наведено, во согласност со важечките процедури, Оперативната команда ги активираше потребните сили и ресурси што ѝ беа на располагање.

1

Полските вооружени сили денеска објавија дека ги подигнале своите борбени авиони и ги ставиле своите радарски системи во максимална готовност.

„Поради активностите на авијацијата со долг дострел на Руската Федерација, која извршува напади на територијата на Украина, започнаа операции на воена авијација во нашиот воздушен простор“, објави Оперативната команда на полските вооружени сили во објава на социјалната мрежа „Х“.






Како што е наведено, во согласност со важечките процедури, Оперативната команда ги активираше потребните сили и ресурси што ѝ беа на располагање.

„Борбените авиони на должност беа подигнати, а копнените системи за воздушна одбрана, како и радарското извидување, достигнаа максимална готовност. Овие акции се превентивни по природа и имаат за цел обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите во непосредна близина на загрозените региони“, се нагласува во соопштението.

Оперативната команда на полските вооружени сили додаде дека ја следи моменталната ситуација, забележувајќи дека подредените сили и ресурси остануваат подготвени за итен одговор.

Претходно едно лице загина, а три се повредени во руски напад извршен од воздух врз  градот Шостка во Сумска област. Бомбардирани се приватни куќи и една висококатница, а последиците од нападот се уште се истражуваат.

Началникот на Сумската регионална воена управа Олег Григоров на платформата „Телеграм“ соопшти дека Русите го гаѓале градот со наведувани авио-бомби (КАВ), а меѓу повредените е 29-годишна жена во критична состојба.

 

 

Поврзани содржини