ПОЛСКА ГИ ЛИКВИДИРА ДРЖАВНИТЕ МЕДИУМИ Претседателот Дуда го суспендира финансирањето на јавниот сервис
Полскиот министер за култура, Бартоломеј Сиенкиевич, објасни дека овој драстичен чекор има за цел да обезбеди континуирано работење на овие компании, да го олесни неопходното реструктуирање и да спречи отпуштања на вработените поради суспензијата на финансирањето.
Полската државна телевизија, како и радиото и новинската агенција ќе бидат ставени во постапка за ликвидација, соопшти денеска полскиот министер за култура Бартоломеј Сиенкиевич.
Ликвидацијата доаѓа по одлуката на полскиот претседател Анджеј Дуда да стави вето на предлозите на новата влада за финансирање на јавните медиуми.
– Поради одлуката на претседателот на Полска да го суспендира финансирањето на јавните медиуми, решив да ги ликвидирам компаниите кои управуваат со телевизијата, радиото и новинската агенција – објави Сиенкиевич на Твитер.
Полскиот министер објасни дека овој драстичен чекор има за цел да обезбеди континуирано работење на овие компании, да го олесни неопходното реструктуирање и да спречи отпуштања на вработените поради суспензијата на финансирањето.
– Состојбата на ликвидација, сопственикот може да ја повлече во секое време – се истакнува во пораката на министерот.
Дуда, од друга страна, ги критикуваше активностите на новата влада, кои вклучуваа брзо разрешување на извршните директори на овие државни медиумски субјекти и назначување на нови одбори, опишувајќи ги како очигледно кршење на уставот. Тој посочи дека законските прописи за управување со овие медиумски субјекти биле заобиколени, што довело до ситуација што ја нарекува „анархија“.