ПОЛСКА ЈА СТАВИ АРМИЈАТА НА ГОТОВС Се размислува за активирање на членот 4 на НАТО

Овој механизам за консултации е активиран неколку пати во историјата на НАТО. Еден од примерите е лани, кога турските војници беа убиени во напад од Сирија. НАТО во случајот реши да се консултира, но не презеде ништо.

1,485

Полската влада го подигнува нивото на подготвеност на армијата како одговор на експлозијата во близина на границата со Украина , потврди на прес-конференција портпаролот на полската влада Пјотр Милер. Говорејќи пред камерите, Милер потврди дека две лица биле убиени претходно во вторникот, пренесува Мондо.

Според него, полската влада размислува дали да го активира членот 4 , што подразбира дека состанокот на членките на НАТО треба да се одржи откако ќе биде загрозен нивниот „територијален интегритет, политичка независност или безбедност“.






Членот 4 од договорот за НАТО опфаќа сценарио во кое земја-членка се чувствува загрозена од друга земја или терористичка организација. Потоа, 30 земји-членки започнуваат формални консултации на барање на засегнатата членка.

Овој механизам за консултации е активиран неколку пати во историјата на НАТО. Еден од примерите е лани, кога турските војници беа убиени во напад од Сирија. НАТО во случајот реши да се консултира, но не презеде ништо.

Можеби пострашен од членот 4 е членот 5 на НАТО кој вели дека нападот на една членка е напад на целата Алијанса.

Русија претходно ги отфрли тврдењата дека нејзините ракети паднале на полска територија. Мариус Гиржевски, известувач на полската радио станица ЗЕТ, кој првично објави дека залутани руски проектили ја погодиле Полска, подцна на Твитер напиша дека остатоците од соборената руска ракета веројатно биле она што ја погодило источна Полска.

Поврзани содржини