ПОЛСКА ЈА ДЕМАНТИРА БЕЛАТА КУЌА ДЕКА ПРЕГОВАРА ЗА ИСПРАЌАЊЕ ВОЈСКА ВО УКРАИНА Земјата ќе биде логистички центар за европската мисија

Ставот е јасен, Полска не планира и нема да испраќа војници во Украина, вели полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак Камиш.

166

Полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак Камиш одлучно ги негираше тврдењата на пратеникот на американскиот претседател за Украина, Кит Келог, дека една од опциите за мир во Украина е распоредување европски сили во Украина, кои би ги испратила и Полска.

– Ставот е јасен. Полска не планира и нема да испраќа војници во Украина. Од самиот почеток ја посочивме нашата улога како центар за логистиката и инфраструктурата на таа мисија. Без нас, нема можност таа да се спроведе. Сојузниците на Полска од „коалицијата на добронамерните“ многу добро ја разбираат улогата што ја игра Полска – изјави денеска полскиот министер за одбрана.






Тој ја отфрли тезата дека САД вршат притисок врз Полска да испрати војници на секој начин.

– Ни јас, ниту министерот за надворешни работи, Радослав Шикорски, не добивме никакви предлози на таа тема – рече тој.

Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп во Украина, Кит Келог, деновиве изјави дека планот на САД за преговори за завршување на војната во Украина предвидува примирје и испраќање војници од неколку европски држави.

Поврзани содржини