ПОЛОВИНА ВЛАДА ВО КОМИТЕТОТ ЗА ПРЕГОВОРИ СО „БЕХТЕКЛ И ЕНКА“ Треба да има член и од ВМРО-ДПМНЕ, а оттаму бараат да видат детали од прокетот

Владата планира со американско-турскиот конзорциум „Бехтекл и Енка“ ,  без објавување на тендер  да договори изградба на  автопатските делници на потегот Тетово-Гостивар-Кичево и автопатот Струга-Ќафасан од Коридорот 8,како и автопатот од Прилеп до Битола во рамки на Коридорот 10.  

1,291

Преговорите со американско-турскиот конзорциум „Бехтекл и Енка“ за изградба на дел од патиштата од коридорите 8 и 10 ќе ги води целиот економски тим на владата зајакнат со првиот вицепремиер и вицепремиерот за корупција како и директорот на јавното претпријатие за патишта и претставник од најголемата опозициска партија.

Владата вчера го формирала Комитетот за преговори во кој влегуваат тројца вицепремиери во владата Фатмир Битиќи, Артан Груби и Љупчо Николовски како и министрите за економија Крешник Бектеши, за финансии Фатмир Бесими, за транспорт и врски Благој Бочварски, за труд и социјала Јагода Шахпаска и за животна средина Насер Нуредини. Во тимот влегува и директорот на ЈП за држани патишта Ејуп Рустеми. Во овој Комитет, според планот на владата, треба да седне и претставник на најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ.






Како што денеска информира портпаролот на владата Мухамед Хоџа, владата ќе достави барање до Собранието, да назначи член на Комитетот од најголемата опозициска партија, односно ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, пак, за Плусинфо изјави дека тие се отворени да разговараат за сите прашања со власта во врска со изградбата на автопатиштата, но прво треба да видат што содржат проектите.

– Најпрвин да ги видиме проектите и сите детали во нив, а потоа ќе разговараме за сите прашања поврзани со договорот и изградбата на автопатските делници – вели Арсовски.

Владата планира со американско-турскиот конзорциум „Бехтекл и Енка“, без објавување на тендер да договори изградба на автопатските делници на потегот Тетово-Гостивар-Кичево и автопатот Струга-Ќафасан од коридорот 8, како и автопатот од Прилеп до Битола во рамки на коридорот 10.

Досега е потпишан меморандум за соработка со конзорциумот и е донесен Закон за стратешко партнерство кој покрај другото предвидува формирање на Комитет за преговори и подготовка на договорот.

Поврзани содржини