Половина од жителите во Нагорно-Карабах избегаа што подалеку

Нагорно Карабах има вкупно население од околу 140.000 жители, од кои 99 проценти се Ерменци, додека Азербејџанците избегаа по војната во 90-те години на минатиот век.

420

Половина од населението во Нагорно-Карабах е раселено од судирите меѓу сепаратистичкиот регион населен со Ерменци и Азербејџан, соопштија властите во Степанакерт.

– На единаесеттиот ден од борбите, околу 50 проценти од населението во Нагорно Карабах е раселено, од кои 90 проценти се жени и деца – рече Артак Белгарјан, официјален претставник од самопрогласената република, додавајќи дека од 70.000 до 75.000 биле раселени.






Нагорно Карабах има вкупно население од околу 140.000 жители, од кои 99 проценти се Ерменци, додека Азербејџанците избегаа по војната во 90-те години на минатиот век.

Ерменците го обвинуваат Азербејџан дека од петокот безмилосно го бомбардира нивниот главен град Степанакерт, предизвикувајќи повеќето од 50.000 жители да го напуштат градот, а останатите се во засолништа.

Поврзани содржини