Половина од заразените со ковид-19 во земјата контактирале со потврден случај, третина го прележале вирусот „на нозе“
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (53,6%), изнемоштеност (33,7%), треска (19,1%), главоболка (16,9%), болка во грло (15,8%) и отежнато дишење (14,1%).
Вкупно 742 лица (58,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а од вкупниот број на случаи во земјата, 94 (7,5%) се импортирани – од нив едно лице е детектирано на Меѓународниот аеродром Скопје) – се вели во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје..
До денеска се пријавени 1300 случаи на коронавирус во земјата, меѓу кои 56 смртни случаи.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (53,6%), изнемоштеност (33,7%), треска (19,1%), главоболка (16,9%), болка во грло (15,8%) и отежнато дишење (14,1%).
Кај 435 или 34,6% од дијагностицираните лица, не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Најмногу заболени на 100.000 жители се регистрирани во Куманово со 239,7 заболени , Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (132,2/100.000), додека инциденца од 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани.
Во однос на коморбидитети (хронични заболувања), кај 343 (27,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 227 лица имаат кардиоваскуларна болест, 70 со дијабетес, 68 лица се со хронична белодробна болест, 17 со хронична бубрежна болест и 57 со други хронични болести.
Од хоспитализираните случаи, кај 131 (49,1%) се присутни и други заболувања.
Регистрирани се 214 (17,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Според исходот од заболувањето, кај 931 лица (73,9%) се активни случаи, 272 случаи (21,6%) се водат како оздравени (25 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.
Регистрирани се 56 смртни случаи (Лт = 4,4%). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=39) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 10,2/100.000 жители. Од починатите, кај 43 (76,8%) се регистрирани коморбидитети, се вели во извештајот на ИЈЗ кој е објавен вчера.
Од 15.02.2020 до 21.04.2020 тестирани се вкупно 13.000 материјали (детектирани 1.259 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 6.283 теста на 1.000.000 жители.