ПОЛОВИНА ОД ПАРИТЕ ДАДЕНИ ЗА УКРАИНА СЕ УКРАДЕНИ Фицо ќе го отвори прашањето за корупцијата на Киев
Повторно ќе ја отвориме темата на корупцијата во Украина во Европскиот совет, на крајот на краиштата, ние истураме пари, ЕУ истура пари, а огромен дел од тоа едноставно се губи во Украина, кажа словачкиот премиер на седница на Одборот за европски работи пред да замине за Брисел.
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека половина од парите дадени на Украина се украдени и ја обвини Украина дека злоупотребила голем дел од финансиската помош на Европската Унија, наведувајќи дека тоа прашање ќе го отвори во Брисел.
– Повторно ќе ја отвориме темата на корупцијата во Украина во Европскиот совет, на крајот на краиштата, ние истураме пари, ЕУ истура пари, а огромен дел од тоа едноставно се губи во Украина – кажа Фицо на седница на Одборот за европски работи пред да замине за Брисел.
Киев прими милијарди како помош од Европската Унија и Соединетите Американски Држави од почнувањето на конфликтот во 2022. Повеќе случаи на корупција ја тресеа украинската влада во изминатите три години, а во различни извештаи се тврди дека западни трговци со оружје го крадат оружјето кое го обезбедил Западот и го продаваат на црниот пазар.
Во текот на минатите неколку месеци, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев не добил ни половина од парите кои САД официјално ги издвоиле за оружје.