ПОЛОВИНА ОД ИЗРАЕЛЦИТЕ САКАТ ДА СЕ ОТКАЖЕ ИНВАЗИЈАТА НА ГАЗА Се топи поддршката за големата офанзива

Резултатите од последната анкета во која 29% одговориле позитивно, покажуваат значително намалена поддршка за големата офанзива во споредба со минатонеделната анкета во која 65% од испитаниците се изјасниле дека се за воена интервенција во Појасот Газа.

430

Речиси половина од Израелците сакаат Израел да се откаже од каква било инвазија на Газа, покажува новата анкета објавена денеска во весникот „Маарив“.

На прашањето дали армијата треба веднаш да започне копнена офанзива од големи размери, 29% од Израелците се согласиле, додека 49% рекле дека би било подобро да се почека, а 22% се неодлучни.






Резултатите од последната анкета објавена во „Маарив“ покажуваат значително намалена поддршка за големата офанзива во споредба со минатонеделната анкета во која 65% од испитаниците се изјасниле дека се за воена интервенција во Појасот Газа.

Поврзани содржини