Половина од белоруската војска ставена во состојба на борбена готовност
НАТО почна вежби веднаш до нашата граница. Што друго можам да направам, рече Лукашенко.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска на половина армија и нареди да влезе во состојба на борбена готовност, како одговор на она што тој смета за закана од Западот, јави агенцијата Белта.
– НАТО почна вежби веднаш до нашата граница. Што друго можам да направам, рече Лукашенко.
Тој истакна дека ставањето половина од армијата во режим на борбена подготвеност „не е евтино“.