ПОЛОВИНА МИЛИОН ЛУЃЕ ДНЕВНО СЕ ЗАРАЗУВААТ Кина нема да објавува бројки од короната, нема локдауни, но светот стравува
Од укинувањето на мерките се случи експлозија на инфекции со ковид-19, а голем дел од населението е оставено само на себе, во време кога има недостиг од антипиретици и тестови поради огромниот пораст на побарувачката. Низ целата земја, градските власти се обидуваат да се справат со повторното појавување на инфекцијата, која ги испразни полиците во аптеките и ги наполни болниците, а крематориумите се чини дека се преполни, јавија западни медиуми.
Околу половина милион луѓе дневно се заразуваат со коронавирусот само во кинескиот град Чингдао, изјави здравствен претставник на градот, наведувајќи во напис што набрзо беше цензуриран, објави Гардијан.
На почетокот на декември, поради зголеменото незадоволство на населението, Кина без претходна најава ги откажа повеќето строги здравствени мерки спроведени како дел од политиката „нулта ковид” што ја спроведуваше од 2020 година. Укинати се карантините и ограничувањата за патување, кои исто така значително се одразија на кинеската економија.
„Откако кинеската влада ги укина практично сите мерки за заштита од корона вирусот, се случи токму она што многумина го предвидоа: само мал број кинески граѓани беа воопшто вакцинирани, а ефективните mRNA вакцини од Европа или САД никогаш не стигнаа ни во Кина. Тоа значи дека многу луѓе се разболуваат, а уште повеќе одат на боледување од страв дека може да се заразат“, се вели во анализа на Дојче веле.
Од укинувањето на мерките се случи експлозија на инфекции со ковид-19, а голем дел од населението е оставено само на себе, во време кога има недостиг од антипиретици и тестови поради огромниот пораст на побарувачката. Низ целата земја, градските власти се обидуваат да се справат со повторното појавување на инфекцијата, која ги испразни полиците во аптеките и ги наполни болниците, а крематориумите се чини дека се преполни, јавија западни медиуми.
Кинеската Национална здравствена комисија (НХЦ) oд денеска престанува да објавува дневни податоци за ковид-19, чија веродостојност беше доведена во прашање откако бројот на случаи на инфекција нагло се зголеми поради олабавување на мерките.
„Важни информации за ковид-19 ќе бидат објавени од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) заради референци и истражување”, соопшти комисијата, но не ги наведе причините за промената или колку често ЦДЦ ќе објавува податоците.
Кина ја смени дефиницијата за смртни случаи од ковид-19, регистрирајќи ги само оние кои починале од пневмонија или респираторна инсуфициенција, што предизвика неодобрување кај глобалните здравствени експерти.
Ерфинити (Airfinity), компанија за здравствени податоци со седиште во Велика Британија, минатата недела процени дека Кина се соочува со повеќе од милион случаи на инфекција и 5.000 смртни случаи секој ден.