Половина милијарда евра за загрозените членки на ЕУ

Сепак, сè уште нема договор за две клучни теми: заедничкиот повеќегодишен буџет и Фондот за развој.

317

Лидерите на 27-те земји членки на ЕУ на четвртата видео конференција посветена на европскиот одговор на пандемијата ковид-19 ги поддржаа досегашните презентираните мерки за социо-економското закрепнување на Унијата.

Сепак, сè уште нема договор за две клучни теми: заедничкиот повеќегодишен буџет и Фондот за развој.






Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вчера разговараше со лидерите на ЕУ со порака за заедница и солидарност.

– Благосостојбата на секоја членка зависи од благосостојбата на целата Унија – рече Мишел.

Тој истакна дека лидерите на ЕУ разговарале за патоказот за постепено ублажување на мерките за ограничување, како и за сеопфатен економски одговор на ефектите од пандемијата во Европа.

Поврзани содржини