ПОЛНА СО ЗЛОНАМЕРНИ ГЛУПОСТИ Поранешниот британски премиер ја критикуваше новата сезона на серијата „Круната“
Сер Џон Мејџор рекол за „Мејл“ дека сцената која прикажува завера да се собори од власт покојната кралица е „полна со злонамерни глупости“.
Поранешниот британски премиер Џон Мејџор ја критикувал серијата на „Нетфликс“ – „Круната“, чие петто продолжение ќе почне да се прикажува на 9 ноември, нарекувајќи ја „куп бесмислици“.
Сер Џон Мејџор рекол за „Мејл“ дека сцената која прикажува завера да се собори од власт покојната кралица е „полна со злонамерни глупости“.
„Сер Џон и принцот од Велс никогаш не разговарале за абдикација на кралицата Елизабета Втора. Џон Мејџор на ниту еден начин не соработувал со серијата „Круната“. Никој не му се обратил за проверка на факти во сценариото на серијата“, се наведува во соопштението од Канцеларијата на поранешниот конзервативен премиер кој беше на власт од 1990 до 1997 година.
„Како што знаете, разговорите помеѓу монархот и премиерот се потполно приватни и, за сер Џон, секогаш ќе останат такви. Но, ниту една од сцените што ги прикажува не е точна на ниту еден начин. Тие се фикција, чиста и едноставна“, порачуваат од Канцеларијата.
Меѓутоа, портпаролката на „Круната“ ја бранела серијата.
„„Круната“ е секогаш претставувана како драма заснована на историски настани. Петтата сезона е измислена драматизација, замислувајќи што би можело да се случува зад затворени врати во текот на значајната деценија за кралското семејство – која новинарите, биографите и историчарите веќе внимателно ја проучиле и добро ја документирале“.
Најновата сезона ќе се фокусира на бурните рани 90-ти години, кога принцот Чарлс и принцезата Дајана се разведоа.
Новата сезона на „Круната“ излегува на 9 ноември.