ПОЛКОВНИКОТ САНДЕРС Е ТУКА Легендарниот мајстор за пилешко (ВИДЕО)
Време беше да дојдам и да се запознаам со македонската јавност. Ги гледам и им се радувам на сите насмеани лица кои презадоволни доаѓаат во рестораните. Она што можам да ви ветам е дека без разлика дали ќе земете кофичка, бургер, врап или десерт, јас ќе се погрижам сето тоа да е Finger licking good!, вели полковникот Сандерс.
Светски познатиот мајстор за пилешко и создавачот на оригиналниот KFC рецепт, полковникот Сандерс, конечно пристигна во Македонија! Ова е особено возбудлива вест за големиот број љубители на уникатниот вкус со 11 тајни билки и зачини кој е еден од најпознатите низ целиот свет, а е достапен и во рестораните на KFC Македонија.
Доаѓањето на полковникот Сандерс има за цел да го доближи брендот KFC поблиску до македонската јавност, да ја раскаже неговата впечатлива и инспиративна приказна и да ја открие магијата на неговиот безвременски рецепт. Оригиналните вредности, карактерот и филозофијата на полковникот Сандерс се принципите според кои KFC рестораните работат до ден денес, и по 80 години од создавањето на неговиот рецепт.
Историски познатиот полковник Сандерс е човекот кој стои зад приказната на KFC, најпознатиот синџир ресторани за пилешко. Не случајно, неговиот лик е заштитен знак на брендот и е присутен на нивното официјално лого. Сандерс бил обичен човек кој на свои 50 години го создал уникатниот, таен рецепт од 11 тајни билки и зачини кој до ден денес остана непроменет. Неговиот претприемачки дух, љубовта кон добрата храна и кон угостителството го поттикнале во далечната 1930 да отвори свој мал ресторан на бензинска пумпа во Кентаки кој станал толку успешен што го означило стартот на глобалната KFC приказна.
Денес, илјадници љубители на овој рецепт, насекаде во светот, велат дека тоа е највкусното пилешко што некогаш го пробале. Но, која е тајната? Клучот е во 11-те тајни билки и зачини што ја даваат таа неодолива арома, мирис и вкус. А, од друга страна, и оригиналната hand made подготовка со која на секое парче му се дава специјален третман и внимание. Никаде во светот нема да пробате пилешко месо што е толку крцкаво однадвор, а совршено меко во внатрешноста, квалитет кој експертите го нарекуваат Golden Chicken Standard.
– Ни претставува голема чест и задоволство што успеавме да го ре-креираме ликот на полковникот Сандерс и да ви го претставиме тука, во Македонија. На тој начин македонските љубители на оригиналниот вкус ќе имаат можност да ја доживеат неговата уникатна приказна и да се запознаат со темелите и вредностите кои брендот ги носи уште од своите почетоци – велат од KFC Македонија.
Полковникот Сандерс ги поттикна македонските љубители на вкусна храна да посетат еден од неговите ресторани каде вистински ќе можат да уживаат во неговите гурмански специјалитети.
– Време беше да дојдам и да се запознаам со македонската јавност. Ги гледам и им се радувам на сите насмеани лица кои презадоволни доаѓаат во рестораните. Она што можам да ви ветам е дека без разлика дали ќе земете кофичка, бургер, врап или десерт, јас ќе се погрижам сето тоа да е Finger licking good! – вели полковникот Сандерс.
Полковникот Сандерс најавува многу активности во наредниот период, па ви препорачуваме да се движите будно по улиците каде можеби случајно ќе наидете на овој легендарен лик.
Запознајте се со легендарниот полковник Сандерс.