ПОЛКОВНИКОТ КОВАЧКИ ЌЕ СТАНЕ ПРАТЕНИК На местото на Муцунски доаѓа Јаревски, а Спасова наместо Костадинов
Во третата изборна единица следен на листа е полковник Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде новиот пратеник.
Парламентарниот состав на ВМРО-ДПМНЕ добива измена. Тимчо Муцунски е новиот градоначалник на Аеродром. На местото на Муцунски во Собранието влегува Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ кој исто така беше на осмата позиција на кандидатската листа во првата изборна единица, пишува Република.
И Иван Јорданов од Штип ја напушта пратеничката функција. Тој е новиот градоначалник на Штип, а овој кандидат на ВМРО-ДПМНЕ успеја да издејствува победа во првиот круг освојувајќи ги мнозинството гласови. Во третата изборна единица следен на листа е полковник Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде новиот пратеник.
Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новиот пратеник во Собранието на Република Македонија, откако досегашниот пратеник Дарко Костовски успеа да ги добие локалните избори уште во првиот круг. Костовски се повлекува од функцијата пратеник, а ќе ја извршува функцијата градоначалник на Општина Бутел.
На местото на Коста Костадинов од СДСМ, кој е избран за нов градоначалник на Струмица доаѓа Љубица Спасова од СДСМ, која била 12 на листата на таа изборна единица.