ПОЛИТИКАТА ЗАМИНА ОД ИСТОРИСКАТА КОМИСИЈА СО ДОАЃАЊЕТО НА ОВАА ВЛАДА Нема и не смее да има влијание врз работата на академиците, вели Муцунски

Доколку навлезам во коментирање на тоа што го кажал господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек по однос на многу работи што ги кажа тој во последниот период, веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува, а тоа е да го политизираме тој процес, дециден е шеф на македонската дипломатија.

275

Политиката ги има тргнато рацете од Заедничката историска комисија со Бугарија откако Владата ја предводи премиерот Мицкоски, вели шефот на македонската дипломатија запрашан да коментира изјава од бугарската страна дека работата на Комисијата била наводно блокирана.

– Ниту имаме направено притисок ниту влијание, што за жал се случуваше во минатото за што има сведоштва од членовите (на комисијата) во тоа време. Доколку навлезам во коментирање на тоа што го кажал господинот Димитров, а верувајте имам личен став како човек по однос на многу работи што ги кажа тој во последниот период, веројатно ќе ја постигнам целта што и тој ја посакува, а тоа е да го политизираме тој процес – дециден е министерот Тимчо Муцунски.






На прес-конференција денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија додава дека веројатно постојат различни толкувања за одредени состојби на двете страни од границата, но повтори дека академските претставници независно да ги водат разговорите.

– Ние не смееме никако да им ставаме какви било притисоци ниту со наше толкување на фактите ниту да им воспоставуваме какви било временски рамки, тие имаат слобода да работат како што мислат најдобро.

Претходно, Ангел Димитров, претседавачот од бугарска страна со Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, изјави дека работата е во застој.

Поврзани содржини