ПОЛИТИКАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ТРГНАТА ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР Ќе работиме исклучиво за граѓаните, вели Герасимовски

Ги повикувам сите жители коишто во првиот круг дадоа глас на одредени политички партии и независни кандидати да ни се приклучат во концептот „За Центар што го сакаме“ за заедно да ја направиме општината поубаво место за живеење на сите, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски.

58

Верува дека центарци и во вториот круг ќе го одберат концептот „За Центар што го сакаме, вели кандидатот на СДСМ за градоначалник на Центар, Горан Герасимовски.

– Се надевам дека сите оние коишто веруваат во нашиот концепт дека и во вториот круг ќе го дадат својот глас за заедно да ја водиме општината и во наредните 4 години. Покажавме различност, немавме мнозинство во Советот. Претседател на Советот беше од друга политичка партија. Но, и сега имаме интересен состав на советнички групи од повеќе политички партии и верувам дека ќе го прифатат истиот концепт којшто го имавме изминатите години. Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните. Политиката ќе биде целосно тргната на страна во Општина Центар – рече Герасимовски за МТВ.






Тој, потенцираше дека има одлична програма, којашто е пишувана заедно со граѓаните.

– Верувам дека граѓаните ќе го препознаат концептот, во првиот круг го препознаа, верувам дека и во вториот круг ќе го препознаат и ќе ни ја дадат целосната доверба. Ги повикувам сите жители, сите оние центарци коишто во првиот круг дадоа глас на одредени политички партии и независни кандидати да ни се приклучат во концептот „За Центар што го сакаме“ за заедно да ја направиме општината поубаво место за живеење на сите – порача Герасимовски.

Во врска со ѓубрето во Скопје, Герасимовски изјави дека општината испратила допис до ЗЕЛС за свикување на итна седница за да се најде решение за катастрофалниот проблем со кој се соочуваат центарци, но и сите жители на Скопје.

– Ја повикувам и Владата да се вклучи во решение на овој огромен проблем со кој се соочуваат центарци. Нашите служби се на терен, во две смени. Имаме дополнителна механизација, но не може да се постигне поради тоа што јавното комунално претпријатие неколку дена не излегува на терен за да си ги заврши своите обврски и имаме преполни контејнери на територија на цела општина, на цел град, имаме кучиња скитници кои го разнесуваат ѓубрето. Нема да дозволиме да се шират зарази низ Општина Центар. Ќе направиме сè проблемот да се санира што побрзо – истакна Герасимовски.

Поврзани содржини