ПОЛИТИЧКО НЕИСКУСТВО БИЛО ШТО МАЈА СЕ СЛИКАЛА СО СОТИР Филипче ги повика симпатизерите на СДСМ сами да решат за кого ќе гласаат во вториот круг

Филипче повика на масовна излезеност на вториот круг од изборите на 2 ноември и побара максимална поддршка за кандидатите на СДСМ во општините каде што партијата има свој кандидат.

1,834

Во општините каде СДСМ нема кандидат во вториот круг, секој член, граѓанин и симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој, рече денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Во тие општини СДСМ нема да навлегува ниту досега навлегле, како што рече Филипче, во некакви калкулации и заткулисни договори.






Тој соопшти дека СДСМ нема формална соработка ниту разговори со ниту една партија за избор на градоначалник на Скопје каде во вториот круг се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски и на Левица Амар Мециновиќ.

– Немаме формална соработка ниту разговори со ниту една партија, ниту со ВМРО-ДПМНЕ, ниту со Левица. Нашите членови и симпатизери нека одлучат врз основа на тоа кој сметаат дека ќе може подобро да го води градот – рече Филипче.

СДСМ нема договор за поддршка ни на Стевчо Јакимовски во Карпош, иако беше објавена заедничка фотографија на кандидатката на СДСМ Маја Мојсовска од првиот изборен круг со Јакимовски.

– Не станува збор за никаков договор. Разговарав и со Маја, ќе се видиме во текот на денов, таа напиша и еден пост. Тоа го припишувам на политичко неискуство. Нема никаков договор за поддршка на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош, каде и ние се боревме во првиот круг – рече Филипче.

Филипче повика на масовна излезеност на вториот круг од изборите на 2 ноември и побара максимална поддршка за кандидатите на СДСМ, оценувајќи дека со нивниот избор граѓаните добиваат граданачалници кои ќе работат исклучиво во нивен интерес и ќе одговараат пред нив.

– Во вториот круг бараме поддршка од сите граѓани и гласачи без оглед за кого гласале во првиот круг. Ги повикувам и сите кандидати и нивните поддржувачи кои не поминаа во вториот круг да се приклучат во оваа борба за поддрпка на овие вредносни политики – рече Филипче.

Филипче смета дека има тренд на пад на поддршката на владејачката гарнитура.

– Тоа беше евидентно во првиот круг. ВМРО-ДПМНЕ изгуби над 140.000 гласа за година и половина што е јасен индикатор дека опозициското расположение расте. Очекувам тоа да се засили по изборите затоа што власта не понуди решение за проблемите на граѓаните – рече Филипче.

 

Поврзани содржини