ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС ВО ВАШИНГТОН Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност
Кристи Ноем ќе добие нова улога како специјален пратеник за безбедносната иницијатива „Штитот на Америка“, најави американскиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем и најави дека за нејзин наследник ќе го номинира сенаторот од Оклахома Маркван Малин.
Трамп одлуката ја објави преку социјалните мрежи, само два дена откако Ноем се соочи со остри прашања за време на сослушување во Конгрес на САД, каде што ја критикуваа и републиканци и демократи.
И покрај разрешувањето од функцијата, Трамп најави дека Ноем ќе добие нова улога – специјален пратеник за иницијативата „Штитот на Америка“, нова стратешка безбедносна програма која, според него, ќе биде фокусирана на регионот на Западната хемисфера.
Со оваа одлука, Ноем станува првиот член на кабинетот што ја напушта функцијата во вториот мандат на Трамп.
Нејзиното заминување доаѓа по турбулентен период за Министерството за внатрешна безбедност, кога строгите мерки за спроведување на имиграциските закони предизвикаа протести и бројни тужби низ Соединетите Американски Држави.