ПОЛИТИЧКИ ПОЕНИ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ Стефковски обвинува за наместени пожари пред локалните избори
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, излезе со сериозни обвинувања дека пожарите кои изминативе денови избувнаа во општината се дел од смислено сценарио со политичка позадина.
Според актуелните правила, возач со возачка дозвола од Б категорија може да вози моторни возила чија најголема дозволена маса не е поголема од 3,5 тони и на кои нема повеќе од осум места за седење, не сметајќи го седиштето на возачот.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, излезе со сериозни обвинувања дека пожарите кои изминативе денови избувнаа во општината се дел од смислено сценарио со политичка позадина.
Според Стефковски, најновите видео снимки кои се појавија во јавност јасно покажуваат како непознати лица свесно влегуваат во автомобилски сервиси, полеваат со бензин и предизвикуваат пожар.
– Ова е уште еден доказ за она што го говоревме деновиве, дека не станува збор за случајни настани, туку за добро осмислено сценарио за добивање политички поени пред локалните избори – изјави Стефковски.
Градоначалникот нагласи дека пожарот во Трубарево бил локализиран за само 15 часа, благодарение на брзата реакција на службите.
– Пред неколку години имавме сличен пожар во близина на Мадрид кој траеше цели четири дена. Задоволен сум што нашите служби реагираа навремено и спречија поголема катастрофа – рече Стефковски.
Градоначалникот упати јасен апел до оние кои намерно предизвикуваат пожари и вознемиреност кај граѓаните.
– Морам да апелирам до оние кои сакаат да предизвикаат вознемиреност или да прикажат наводна неспособност на институциите, да престанат. Не вреди здравјето и безбедноста на граѓаните да се ризикува за дневно-политички поени – предупреди Стефковски.