ПОЛИТИЧКИ НЕЗРЕЛ МАНЕВАР Митева за барањето на Филипче да не се укинува техничката влада

158

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска во врска со најавите на СДСМ дека ќе се повлечат од работната група за Изборниот законик ако се укине техничката влада истакна дека со ваквите најави лидерот на опозициската партија, Венко Филипче нема да успее да ја скрие реалноста со која се соочува неговата партија и додаде дека сега се против нејзино укинување, иако во минатото биле согласни дека тоа треба да се направи.

– Ваквиот обид на Филипче и на СДСМ нема да ја сокрие реалноста дека тие се соочуваат со нивниот политички крај, а владејачката партија која што ја предводи Владата, ВМРО-ДПМНЕ, е таа која што ја гради иднината на државата. Навистина не можам да разберам како од една страна имаме изјави во кои што се вели дека имаат пораст на гласовите, тоа го кажува токму Венко вчера, а Венко денеска вели дека е против укинување на техничката влада, за која што во минатото беа согласни дека истата треба да се укине – рече Митева, одоварајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

Митева додаде дека ова е само уште еден политички незрел маневар и смета дека постапувањето на ваков начин не носи ништо добро во интерес на граѓаните.

– Институциите мора да бидат демократски. Оваа Влада тоа го покажа дека имаме демократизација, дека навистина можеме и знаеме како да ги водиме институциите и треба да ги напуштиме моделите кои што биле во минатото – рече Митева.

Поврзани содржини