ПОЛИТИЧКИ ЦИРКУС ЗА ЗАШТИТА НА КРИМИНАЛОТ Петрушевски ја обвинува ДУИ за 20 години крадење на Албанците и на Македонците

ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата, изјави Петрушевски.

223

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, го обвини ДУИ за „приредување политички циркус“ во обид да ја одвлече вниманието на јавноста од нивните долгорочни криминални дејствија.

Според Петрушевски, оваа партија „20 години краде и ги злоупотребува и Албанците и Македонците“, додека секогаш се повикува на етничката припадност кога се соочува со обвинувања.






– ДУИ 20 години бира судии, точно ги знаат правните процедури, и како одлучува Уставниот суд, но и покрај тоа одбраа да приредуваат политички циркус, за да го одвлечат вниманието од јавноста од тоа што 20 години ја крадеа државата – изјави Петрушевски.

Петрушевски додаде дека ДУИ ги „краде Албанците и Македонците“, но се „повикуваат на Албанците кога треба да крадат или кога се спречени во тоа, како сега“. Според него, стравот на ДУИ произлегува од фактот што доаѓа времето за одговорност за нивните криминални функционери.

– Стравот на ДУИ е затоа што доаѓа време за одговорност на нивните криминални функционери, кои додека продаваа патриотизам, дебело се нафатирале, а граѓаните, било Албанци или Македонци, се иселиле – додаде пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ДУИ се демаскирани,“ рече Петрушевски. „Сите гледаат дека нивното политичко делување последните неколку месеци е само во насока на заштита на политичките криминалци кои ја ограбија државата.“

На крајот, тој им предложи на раководството на ДУИ да се реформираат, посочувајќи дека локалните избори се блиски, а ако не се адаптираат, може да се соочат со уште поголемо изненадување.

– Наместо да седат на ладно, подобро ќе биде да се реформираат како партија, зошто бргу од денес доаѓаат локални избори, да не им се случи уште поголемо изненадување – заклучи Петрушевски.

Поврзани содржини