ПОЛИТИЧКАТА ЗЛОУПОТРЕБА НА СМРТТА НА ДЕВОЈКА Е НЕКРОФИЛСТВО ОД НЕВИДЕНИ РАЗМЕРИ До каде ќе оди умоболието на СДСМ, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Пораките за кои зборува СДСМ се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации, кои се најсилното оружје на СДСМ, во недостаток на конкретни политики, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

921

Срамота е СДСМ да прави прес-конференции со измислени материјали, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Пораките за кои зборува СДСМ се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации. Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДСМ, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери“, регира ВМРО-ДПМНЕ.






До каде ќе оди умоболието на СДСМ, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролката Кузевска иако не беше сигурна дека е вистинска пораката од убиената велешанка Росица Коцева до Панче Тошковски, го обвини министерот за внатрешни работи дека тој ја игнорирал.

– Дали оваа порака почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ? Ако стигнала, што сте направиле? Прашуваме, бидејќи наводно во оваа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР. Прашуваме уште еднаш, дали е ова точно? – рече таа.

Кузеска додаде дека ако е така, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани и демнење.

– Росица не молчела! Росица пријавувале секогаш кога стравувала за својот живот, а нејзиниот живот и животот на нејзиниот татко згаснаа. Каква порака е оваа за сите други жени кои собираат храброст да пријават дека трпат насилство, закани, демнеење, дека животот не им е спокоен? Која би била вистинската адреса за нив, ги прашуваме институциите. Или треба да молчат – рече Кузеска.

ТОШКОВСКИ ТВРДИ ДЕКА НИКОГАШ НЕ ПРИМИЛ ПОРАКА ОД УБИЕНАТА РОСИЦА Министерот порача да не се злоупотребува трагедијата

Поврзани содржини