ПОЛИТИЧАРИТЕ СО ИСТА ЧЕСТИТКА, СО РАЗЛИЧНИ ПОРАКИ Да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека љубовта за Македонија нема да нема да дозволи никој да се пазари со националните и државните интереси.
Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Северна Македонија.
„Денес после 81 година од почетокот на антифашистичката борба која ни донесе слобода и македонска држава, заедно со целото човештво сме исправени пред нови искушенија. Покрај сите здравствени, економски, безбедносни и енергетски проблеми, ние се сочуваме и со длабока поделеност во македонското општество. Како што излегувајќи во партизани, зад слободарскиот бајрак, застанаа левичари и десничари, Македонци и припадници на останатите националности, селани, работници, еснафи и поимотни, така и сега треба да се сплотиме и заеднички да се соочиме со проблемите. 11 октомври и антифашистичката борба нека ни бидат инспирација за надминување на поделбите и национално помирување преку меѓусебна почит. Да ги оставиме личните интереси и суетите на страна и да работиме за општото добро, благословени со можноста да живееме во слобода и мир, во сопствена држава. Нека е честит и вековит празникот!“, вели Пендаровски во честитката.
Премиерот Димитар Ковачевски истакнува дека обедничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни.
„Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации. Обединети, на вистинската страна продолжуваме напред. Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднината’, пишува Ковачевски во објавата на „Фејсбук”.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на сите граѓани им го честита големиот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.