ПОЛИТИЧАРИТЕ ПОТПИШАА Ќе имаме фер избори за нова локална власт

Овој кодекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори.

133

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски избори, политичките партиите денеска се обврзаа на демократски изборeн процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи, со цел постигнување транспарентни, инклузивни и отчетни избори.

Овој кодекс го потпишаа претставници од сите политички партии, учесници на претстојните избори.






Први го потпишаа претставниците на двете најголеми политички партии, Зоран Заев и Владо Мисајловски, а по нив Фатмир Бесими и Биљал Касами од ДУИ и БЕСА, Горан Милевски и Маја Морачанин од ЛДП и ДОМ, Зијадин Села и Афри  Гаши од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кодексот го потпишаат и ДПА, ГРОМ, Демократската партија на Турците, Партијата за движење на Турците, Левица, Интегра, ПОДЕМ, на Бошњачки демократски сојуз, Титови леви сили и Зелен хуман град.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски истакна дека изборите и другите политички процеси се клучни за квалитетот на управувањето и дека можат во голема мера да го унапредат долгорочниот демократски развој на земјата, како и приоритетите, регионалните и глобални надворешни политики, а најфундаменталниот принцип што ги дефинира кредибилните избори е слободното изразување на волјата на народот.

Поврзани содржини