ПОЛИТИЧАРИТЕ ЧЕСТИТАА ВОДИЦИ Еве некои од нивните пораки
Нека водата која е симбол на Богојавление ги однесе сите препреки и тешкотии и нека помогне со бистар ум и јасна цел да донесеме државнички одлуки кои значат живот за Република Северна Македонија, напиша Џафери во честитката по повод денешниот празник Богојавление – Водици, пишува претседателот на Собранието, Талат Џафери во својата честитка.
Честитки за христијанскиот празник Богојавление-Водици и пораки за духовно прочистување, сплотеност, човекољубие и храброст стигнаа од политичарите во Македонија. Еве што порачаа некои од нив.
Стево Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот според јулијанскиот календар и до поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан.
„Симболиката на прочистените води нека ни биде мотив за духовно прочистување и инспирација за добри дела. Да негуваме разбирање слога и човекољубие, постојано дарувајќи љубов, грижа и внимание“.
Христијан Мицкоски
„Традицијата и историјата на овие простори покажале дека доброто секогаш победувало. Народот секогаш знаел да се издигне и да ги победи сите предизвици и проблеми со сплотеност и заеднички сили, затоа што можел да се обедини околу интересот на државата и на граѓаните. Јас верувам во нескршливиот дух на овој народ, јас верувам дека силата и волјата на граѓаните ќе ја донесат новата надеж за подобра иднина“, напиша лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во својата честитка.
„Нека големиот празник Богојавление – Водици ги обедини граѓаните и нека им даде поголем мотив за борба за подобра иднина. Нека е за многу години! Бог се јави, навистина се јави!“, напиша Мицкоски во честитката по повод празникот.
Талат Џафери
„Лесно е да се руши, храброст е да се сочува и надгради создаденото за да трае вечно. Нека водата која е симбол на Богојавление ги однесе сите препреки и тешкотии и нека помогне со бистар ум и јасна цел да донесеме државнички одлуки кои значат живот за Република Северна Македонија, напиша Џафери во честитката по повод денешниот празник Богојавление – Водици“, пишува претседателот на Собранието.
Димитар Ковачевски
„Симболиката на вековното празнување на Богојавление – Водици во Црквата и во народната традиција, што потсетува на Исусовото крштевање во реката Јордан, има длабоко и суштинско значење, бидејќи упатува на обновата како на неминовен дел од духовниот развој на личноста, но и на заедницата“, стои во писмото од премиерот Димитар Ковачевски.