ПОЛИТИЧАРИ, ОДБИЈТЕ! Студентите се подготвуваат за протест пред Владата
Тие упатија апел политичарите да стојат настрана и да не доаѓаат на овој марш бидејќи, како што велат, кога се во прашање младите, потребно е политиката да ја тргнеме настрана.
Студентите, денеска, од 17.30 часот, ќе одржат голем студентски марш пред Владата, на кој повторно ќе ги изнесат своите барања.
Од Студентскиот отпор бараат да се преземат итни и сериозни чекори за подобрување на студентскиот стандард.
Тие упатија апел политичарите да стојат настрана и да не доаѓаат на овој марш бидејќи, како што велат, кога се во прашање младите, потребно е политиката да ја тргнеме настрана.