ПОЛИЦИСКИТЕ РАЦИИ НЕ ПОМАГААТ, СЕ ВОЗИ ПРЕТЕРАНО БРЗО Само вчера, недела, казнети 442 возачи

45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 3 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

135
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 442 возачи.





Од нив 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 213 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 229 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР
Поврзани содржини