Полицискиот синдикат бара внатрешната контрола да го испита случајот со полицајците
Бараме раководството на МВР редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа.
Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат со над 8500 членови од кои над 8000 се припадници на МВР, го повикува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди детелно без никакви предрасуди да ги испитаат случајот на полициските службеници кои преземаат мерки за лишување од слобода на лице кое е затекнато надвор од својот дом со својот миленик за време на ограничувањето на движењето на граѓаните и да ја утврдат на законитоста на постапувањето на полициските службеници, соопшти синдикатот.
– Во делот на обвинувањата кон нашите колеги дека не носеле маски и средства за заштита го прашуваме дал, кога, со каков квалитет, и колку маски со список за задолжување имаат задолжено колегите при излегување од ПС, колку време биле на работа до моментот на неовластеното снимање, дали во меѓувреме имале контакт со заразени лица при контрола во нивните домови каде се во самоизолација.
Ако знаеме дека состојбата со Корона вирусот е повеќе од сериозна и се надеваме дека ова ќе стигне до вас од раководствотсвото на МВРи конечно толку од најавуваните донации за МВР ќе бидат доставени на колегите со цел да ги заштитиме истите. Бараме раководството на МВР да биде сериозно и веднаш преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, редовно и навремено на колегите да им бидат доставени заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително и истите да бидат задолжувани при секое заминување на работа.
Пред сите поголеми ОЕ на МВР да се постават пунктови за дезинфекција на службените возила .
Да се врши дезинфекција на сите простории во кој престојуваат и работат колегите. Од денес не смееме да дозволиме ниту еден вработен во МВР да биде испратен на терен без соодветна заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција, соопшти синдикатот.