Полицискиот час за 59 граѓани не беше пречка да прошетаат по 19 часот

Полицијата во истиот период затекнала и  28 граѓани кои не носеле маски.

184

Изминатото деноноќие полицијата откри  59 граѓани кои не ја почитувале забраната за движеле од 19 до 05 часот. При тоа, како што соопштија од Министерството за внатрешни работи приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Полицијата во истиот период затекнала и  28 граѓани кои не носеле маски.






За последните 24 часа на територијата на земјата на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани содржини