Полицискиот час во Италија останува на сила до 5 март
Владата рече дека повеќето мерки ќе бидат укинати во региони каде стапките на инфекции се доволно ниски.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денес издаде указ за проширување на ограничувањата за контрола на коронавирусот, откако Министерството за здравство предупреди дека епидемиолошката состојба се влошува.
Со новиот поредок, ноќниот полициски час е продолжен од 22 часот до 5 часот наутро до 5 март, а системот на зони останува во сила, со кој 20 италијански региони се поделени во различни нивоа на инфекција.
Спортските сали и базените ќе останат затворени низ цела Италија, а личното превземање на храна нема да биде дозволено по 18 часот, пренесува „Гардијан“.
Со указот е продолжена забраната за движење меѓу регионите до 15 февруари, а граѓаните ќе можат да патуваат само поради работа, здравје или други итни случаи.
Скијачките центри остануваат затворени до 15 февруари.
Владата рече дека повеќето мерки ќе бидат укинати во региони каде стапките на инфекции се доволно ниски.