Полицискиот час не го почитувале 59 лица, од нив приведени 32

Мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци.

241

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР денеска соопштија дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.






По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 255 прекршоци.

Поврзани содржини