Полицискиот час го прекршиле 77 лица, а приведени се 46

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

288

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 17/18.04.2020, по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава  77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.






Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Поврзани содржини