Полицискиот час ќе биде од 11 часот во недела до вторник до 5 наутро

822

Техничкиот премиер Оливер Спасковски на неговиот фејсбук профил објави дека за овој викенд се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, во 11 часот до вторник, до 5 часот.

– Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд, пишува Спасовски.






Тој посочи дека во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 5 часот наутро.

Поврзани содржини