Полицискиот час ја помести редовната вакцинација во Скопје од 12 до 18 часот

276

Редовната вакцинација на децата во Скопје од денеска ќе се врши од 12 до 18 часот секој работен ден.

– Функционираат вакциналните пунктови во сите скопски поликлиники, но од 12 до 18 часот бидејќи од денеска децата смеат да излегуваат од дома по 12 часот, според новите препораки за движење.  Вакцинацијата се врши според редовниот календар во сите пунктови, само е сменето времето  – ни рече проф. д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствениот дом – Скопје.

 

 

Поврзани содржини