ПОЛИЦИСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ СЕ ЗАГЛАВИЛЕ ВО ЛИФТ Дилерите им избегале додека полицајците чекале да бидат одглавени
Дилерите кои се наоѓале на 13 кат биле превисоко за полицајците да се качуваат по скали, па искористиле лифт.
Пропадната полициска акција се одвиваше минатата недела во Тузла кога босанските специјалци требало да уапсат двајца дилери. Среќата им се насмеала на дилерите додека полицајците се заглавиле во лифтот во станбената зграда во која се наоѓале осомничените.
Осомничените биле во стан на 13 кат, па полицијата решила дека е високо за качување по скали и се обиделе да го искористат лифот. Главно во претходната реченица е дека се обиделе затоа што имале лоша пресметка. Лифтот бил наменет за превоз на две лица, а во лифтот влегле четворица полициски службеници.
За да се одглават од лифтот полицајците побарале помош, а дилерите кога сфатиле што се случува избегале, а при бегството и се ослободиле од одредени количини на дрога.
Полицајците од оваа акција излегле неповредени, а после фијаското не се знае дали тие ќе бидат казнети заради својата непромисленост и лошото планирање. Дилерите се на слобода.