Полицаец избришал фотографии од телефон на новинарка на Дума.мк

1,253

Полициаец од СВР Велес денеска и го одзел мобилниот телефон на новинарката Стефани Манева од веб порталот Дума.мк и ги избриша двете фотографии што таа ги фотографирала додека работела на собирање информации за веста „Товарен воз прегази човек во центар на Велес.“

– Униформираниот полициски службеник веднаш ми се доближи и побара да го добие мобилниот телефон. Тој од мене бараше новинарска лиценца, а не легитимација. Додека се обидував да му кажам дека јас сум на професионална задача испратена од уредничката на веб порталот Дума.мк, со која може да контактира, тој ми го зема телефонот со зборовите: Како да ти верувам? и веднаш продолжи да ја извршува наредбата на својот колега. Ги избриша двете фотографии, ми го врати мобилниот телефон и се врати на местото на кое што претходно стоеше – вели Манева.






Редакцијата на веб порталот Дума.мк испратила мејл до МВР во кој побарала објаснување за случајот, од каде и било одговорено дека случајот ќе биде испитан и доколку се утврди несоодветно постапување на полицискиот службеник, ќе биде содветно санкциониран.

Поврзани содржини