ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР ГО ГАСИ ПОЖАРОТ ВО СТРУМИЧКО Досега исфрли повеќе од 35 тони вода
Од МВР соопштија дека хеликоптерот ќе биде влучен во акцијата до целосно гаснење на пожарот.
Денеска од утринските часови хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи „Бел 412“ интензивно е активен во гасењето на пожарот во струмичко.
Како што соопштија од полицијата, хеликоптерот од раните утрински часови досега исфрли повеќе од 35 тони вода.
-Активностите продолжуваат се до целосно гаснење на пожарот -велат од МВР.