Од вторник навечер, од 21 до 6 часот ќе биде воведен полициски час во Словенија, изјави министерот за внатрешни работи Алеш Хојс.
Наместо десет, како до сега, само шест луѓе ќе може да се групираат на едно место. Собирање до шест лица е можно само со придржување кон пропишаната далечина. Сите јавни настани, верски церемонии и свадби низ целата земја се забранети.