На социјалните мрежи се појави видео од скопската населба Чаир кое е снимено по започнувањето на полицискиот час во земјава.
Според снимката може да се забележи како полициско возило се движи по една уличка на која има голем број на луѓе, кои откако го видоа веднаш побрзаа да влезат во своите домови.
Меѓу коментарите можеше да се прочита дека овие жители заборавиле да ги поместат часовниците и заборавиле дека стапува на сила полицискиот час.