ПОЛИЦИСКА РАЦИЈА ВО СКОПСКИ КАФУЛИЊА Приведени 10 лица кај кои е пронајдена дрога

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

387

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа извршиле контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што од слобода се лишени 10 лица. Тие се сомничат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Како што соопшти МВР, кај З.Д.(39) од Битола, В.К.(33) од Струга, И.Т.(21) и М.Б.(19) од Куманово, Б.Е.(37), Е.Б.(24) и М.Х.(25) од Косово, В.Ц.(50), Г.Ц.(47) и Л.М.(18) од Скопје била пронајдена марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини