Полициска бруталност: Убиен невооружен маж во Атланта – одбивал апсење откако возел во пијана состојба

За време на физичката пресметка , Брукс го зел електричниот шокер, по што полицијата го застрелала. Веднаш по убиството , во Атланта и во другите американски градови се одржуваат масовни протести против полициската бруталност.

1,358

Истражните органи во американската сојузна држава Џорџија соопштиле дека полицијата во Атланта убила маж кој одбивал апсење по возење во пијана состојба.

Како што наведува „AP“, случајот се одвивал вчеравечер, кога заспал зад воланот во својот автомобил во близина на ресторан во кој може да се купи храна од возилото, со што го блокирал просторот за другите клиенти, приморувајќи ги да го заобиколат неговиот автомобил.

Во полицискиот извештај се наведува дека имало отпор, па затоа еден полицаец извадил електричен шокер.

За време на физичката пресметка , Брукс го зел електричниот шокер, по што полицијата го застрелала. Веднаш по убиството , во Атланта и во другите американски градови се одржуваат масовни протести против полициската бруталност.

Нема информации за тоа дали и како ќе бидат казнети полицајците.

 

 

Поврзани содржини