ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО СКОПЈЕ И ВО КУМАНОВО Се истражува злоупотреба на службена должност
МВР и обвинителството претресуваат повеќе локации, засега без детали за осомничените.
Поради сомневање за „злоупотреба на службена должност“, МВР во координација со Основното јавно обвинителство Скопје утринава изведува голема полициска акција со претреси на повеќе локации во Скопје, Куманово и уште неколку градови.
Акцијата е во тек и засега не се откриваат детали за тоа против кого се насочени претресите и колку лица се опфатени. Од обвинителството потврдија дека се работи на истрагата и најавија дека повеќе информации ќе бидат соопштени по завршување на оперативните активности.