Во скопското село Арачиново, синоќа започна полициска акција поврзана со заплена на марихуана, а како што информираат од МВР истата и натаму е во тек.
Поради текот на акцијата, од МВР засега не соопштуваат детали, но велат дека станува збор за запленета поголема количина на марихуана.
Според неофицијални информации, кои веќе се појавија и во дел од медиумите, станува збор за марихуаната која во петокот беше украдена од магацин за склад на марихуана во Јосифово.