ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО АЕРОДРОМ Приведени пет државјани на Турција поради нерегулиран престој

Полицијата во Скопје приведе пет државјани на Турција во општина Аеродром поради нерегулиран престој, во акција спроведена од СВР Скопје согласно оперативен план на МВР.

0

Полицијата приведе пет државјани на Турција на територијата на општина Аеродром поради нерегулиран престој во државата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била спроведена од полициски службеници од СВР Скопје во периодот од 09:00 до 12:00 часот, како дел од планираните активности на пријавно-одјавната служба за месец јуни.






Приведени се лицата М.Е.С. (19), П.С. (23), Ј.С. (19), Д.Г. (25) и Б.Т.Б. (20), сите државјани на Република Турција.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани содржини