📽️ СЕ БАРААТ ДОКАЗИ ЗА ЕВЕНТУАЛНО КРИВИЧНО ДЕЛО Во тек е полициска акција и предистрага на скопска онкологија
Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пацинети.
Неофицијално, компјутери и документи од канцелариите се одземени во Клиниката за онкологијата при универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје во голема полициска акција на МВР, а по насоки на Основното јавно обвинителство Скопје со обезбедена судска наредба. Некои медиуми објавија и снимки од претресот. Во предистрагата се бараат докази за можно сторено кривично дело.
Од Министерството за внатрешни работи претходно за МИА ја потврдија акцијата и најавија дека ќе споделат повеќе информации, во координација со обвинителството по завршување на акцијата.
Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.