ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ ЦЕЛ АРСЕНАЛ ОД ПИРОТЕХНИКА ВО СИНЃЕЛИЌ Две лица се уапсени
Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства.
МВР соопшти дека на 31 декември 2024 година полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во село Синѓелиќ ги лишиле од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје, кај кои на импровизирани тезги се пронајдени над 13.000 парчиња пиротехнички средства.
Како што се посочува во соопштението, кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.