📽️ 📷 ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ 150 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА На „Богородица“ е спречен шверц на наркотици скриен во камион со отпад
Според првичните информации, камионот требало да транзитира низ Македонија со конечна дестинација Турција преку Грција.
Во рамки на заеднички оперативни активности, полицијата и царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога. При детална контрола на товарно моторно возило со скопски регистраски ознаки, кое влегло од Косово, запленета е марихуана од над 150 килограми, за која дополнително ќе биде извршена форензична анализа и вештачење.
Според првичните информации, камионот требало да транзитира низ Македонија со конечна дестинација Турција преку Грција. Оваа успешна акција е потврда за одличната меѓуинституционална соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Царинската управа, која продолжува да се бори против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични дроги.
„Оваа заплена е значителен успех во нашата заедничка борба против нелегалната трговија со наркотични средства. Соработката со нашите царински колеги продолжува да биде клучна за успешноста на ваквите операции“, велат од МВР.
Истрагата продолжува за да се утврдат сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот. Јавноста ќе биде навремено информирана за понатамошните детали.