Полицијата за случајот со украдениот мртовец: Насилно го зеле сосе кревет и го префриле преку ограда

522

Од СВР Струмица попладнево преку кусо соопштение информираа дека денес во 9,30 часот е добиена пријава од општата болница во Струмица, откако група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.






Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути починал, а дваесетина граѓани од турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.

Директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов, го осуди овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од ковид-19, бидејќи не му бил направен тест.

Поврзани содржини